„Виена иншуренс груп“ го презеде мнозинскиот пакет од „Kјуби Македонија“, со што обезбеди речиси 75 проценти од гласачките права во компанијата. Со оваа аквизиција уделот на „Виена иншуренс груп“ на македонскиот пазар на осигурување се зголемува на околу 20 проценти и со тоа стануваме јасен лидер на пазарот. Аквизицијата претставува натамошен чекор на нашата стратегија за подлабок ангажман во регионот на Централна и Источна Европа и исцрпување на потенцијалите за растеж во целост. „Kјуби Македонија“ располага со разновидно портфолио на производи, како и продажна мрежа низ целата земја. За клиентите се грижат повеќе од 200 вработени во 19 филијали. Во фискалната 2011 година оствари премии во висина од околу 12 милиони евра.
„Виена иншуренс груп“ го презеде мнозинскиот пакет од „Kјуби Македонија“, со што обезбеди речиси 75 проценти од гласачките права во компанијата.
- Со оваа аквизиција уделот на „Виена иншуренс груп“ на македонскиот пазар на осигурување се зголемува на околу 20 проценти и со тоа стануваме јасен лидер на пазарот. Аквизицијата претставува натамошен чекор на нашата стратегија за подлабок ангажман во регионот на Централна и Источна Европа и исцрпување на потенцијалите за растеж во целост - вели Петер Хаген, генерален директор на „Виена иншуренс груп“.
„Kјуби Македонија“ располага со разновидно портфолио на производи, како и продажна мрежа низ целата земја. За клиентите се грижат повеќе од 200 вработени во 19 филијали. Во фискалната 2011 година оствари премии во висина од околу 12 милиони евра.
„Виена иншуренс груп“ е активна во Македонија од 2007 година со „Винер осигурување“. Во 2011 година оствари обем на премии од речиси 9 милиони евра, остварувајќи раст од 41 отсто.
По инвестицијата во „Винер лајф“, компанија за животно осигурување, „Kјуби Македонија“ е третата компанија под закрила на ВИГ што е присутна на македонскиот осигурителен пазар.